Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Џенета, вработена во Општина Чаир.
Во име на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, како и на сите вработени во Општина Чаир, на нејзиното семејство и најблиските им изразуваме најискрено сочувство и ја споделуваме нивната болка поради оваа голема загуба.
За време на нејзиниот ангажман во Општина Чаир, Џенета се истакнуваше со својата посветеност кон работата и коректноста, уживајќи ја почитта на колегите и на сите оние кои имаа можност да соработуваат со неа. Секогаш ќе ја паметиме како драга личност, вредна, посветена и секогаш насмеана, која со својата добрина и позитивност остави трага кај колегите и кај сите што ја познаваа.
Нејзиниот спомен и придонес ќе останат дел од нашиот колектив.
Бог да ја помилува, а на семејството и најблиските да им даде сила и трпение во овие тешки моменти.


