Елмас стартуваше за Аталанта и запиша асистенција (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, има голем удел во убедливото водство на Аталанта од 3:1 над Венеција по првото полувреме во последниот натпревар од шестото коло во Серија А.

Елмас по пауза од еден месец и дуелот со Рома, се врати во првиот тим на Аталанта и во шестата минута асистираше при голот на Крстовиќ.

Македонскиот репрезентативец од десната страна го изведе корнерот за Аталанта, упати центаршут во шеснаесетникот на Венеција каде највисок беше Крстовиќ и ја затресе мрежата на гостите за водство од 2:0.

Претходно, Френк Кеси во четвртата минута го отвори резултаторт, а Крстовиќ со својот втор гол во 30-та минута зголеми на 3:0. Гостите преку Хаино намалија на 3:1.