Вечерва тешка сообраќајна несреќа – првични информации

Тешка сообраќајна несреќа вечерва кај Владевци. Сообраќајот на патниот правец е во прекин, а возачите се повикуваат на зголемена внимателност.

За настанот се појави и видео на социјалните мрежи, објавено од „Струмица Денес“.

Засега нема потврдени информации за околностите под кои се случила несреќата, ниту за евентуално повредени лица.

Возете внимателно и доколку патувате на оваа делница, следете ги информациите за состојбата на патот.

Повеќе информации се очекуваат во текот на вечерта.