На 17.10.2026 во 22:55 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека во с. Долна Бањица се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „опел“ со
гостиварски регистарски ознаки, управувано од 59-годишник од Гостивар, излетало од коловозот, удирајќи во бетонски ѕид.
Во 23:00 часот од страна на дежурен лекар била констатирана смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

