УХМР најави врнежи од дожд – ЕВЕ КОГА

Македонија ја започнува работната недела со претежно сончево и релативно топло време. Од денеска, 19 октомври, до среда, 21 октомври, дневните температури во поголем дел од земјата ќе се движат меѓу 18 и 25 степени.

Утрата ќе бидат студени, особено во котлините, додека од среда постепено ќе се зголемува облачноста.

Во понеделник ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Максималните температури ќе достигнат до 23 степени, а локално и повисоко.

Во вторник се очекува претежно сончево и малку потопло време, со дневни температури до 25 степени. Најтопло ќе биде во централните и јужните делови од земјата, додека во Берово, Крушево и повисоките места утрата ќе останат студени.

Во среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, повремено засилен долж Повардарието.