Љубителите на брзата храна ќе треба да издвојат повеќе пари за омилениот хамбургер во популарната сендвичара „Седмица“. Според ценовникот објавен на нивната веб-страница, хамбургерот, кој претходно чинеше 250 денари, сега се продава за 280 денари.
Тоа е поскапување од 30 денари, односно 12 проценти, за еден од најпознатите производи на сендвичарата.
Но, промената не се однесува само на хамбургерот. Според објавените цени, чизбургерот чини 300 денари, сендвичот со плескавица 240 денари, додека сендвичот со плескавица и кашкавал се продава за 260 денари.
На менито се и сендвичот со плескавица и сланина, по цена од 240 денари, „Бејкен“ за 310 денари и „Биг Мек“, кој чини 390 денари.
Ова се актуелните цени објавени на веб-страницата на „Седмица“:
- Хамбургер – 280 денари
- Сендвич со плескавица – 240 денари
- Чизбургер – 300 денари
- Сендвич со плескавица и кашкавал – 260 денари
- Сендвич со плескавица и сланина – 240 денари
- Бејкен – 310 денари
- Биг Мек – 390 денари
Поскапувањето на омилениот хамбургер повторно го отвора прашањето колку длабоко треба да се посегне во џебот за брз оброк, кој за многумина е дел од секојдневието.

