Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи пред мостот „Беласица“ во Скопје, објави „Независен“ наведувајќи дека на местото има полиција и две возила на Итната медицинска помо.
Едниот возач со „пасат“ се симнал од мостот „Беласица“, и продолжувал право кон Железничката станица, најверојатно бил удрен од „хјундаи“ кој доаѓал од спротивната страна. Тој завршил во бетонската ограда покрај столбовите на Железничката станица.
Поради несреќата, на мостот се создал метеж и сообраќајот се одвива отежнато.
Засега нема информации за здравствената состојба на учесниците во судирот.

