Драматична акција во Македонија – ова се деталите

ФБ објава на Кире Михаилов:

Пред малку заврши акцијата во која во с.Банско координирано ПШС Беласица Струмица во соработка со Шумската полиција Струмица откри, а заедно со КПУ “Затвор” – Струмица заплени поголема количина бесправно посечени огревни дрва, складирани во приватен двор.

За констатираните незаконитости ќе следува соодветна пријава против сторителот согласно законските прописи.

Јасна е пораката: незаконската сеча, бесправното складирање и нелегалната трговија со дрва нема да бидат толерирани!

Ќе продолжиме со засилени контроли, координирани акции и доследно постапување против сите облици на бесправно постапување со шумското богатство.

Она кое што е многу важно е фактот дека во оваа конфискација учествуваа затворениците од КПУ “Затвор” – Струмица со кој ЈП “Македонски Шуми” има потпишано меморандум за соработка.

Огромна благодарност до директорот на КПУ Затвор Струмица за континуираната логистичка поддршка и соработката во делот на работниот ангажман на осудените лица, со што се придонесува за поефикасно реализирање не само на оваа, туку и на многу други разновидни активности на терен од областа на шумарството.

Директорот на ПШС “Беласица” – Струмица и директорот на КПУ “Затвор” – Струмица се одличен пример кој покажува како треба институциите да ја градат и развиваат соработката во рамките на системот на државата.

Ова е пример на кој треба да се огледаат и останатите институции.

Ветивме промени, еве ги на дело, не само со празни зборови и лажни флоскули.