Страотна сообраќајна несреќа, осум лица итно пренесени во болница

Осум лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, соопшти денеска охридската полиција.

Според соопштението, во понеделник во 18:30 часот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум се судриле патничко моторно возило „Голф“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И. (77) од Црна Гора,

патничко моторно возило „Мерцедес“ со српска национална ознака, управувано од С.М.(27) од Србија и патничко моторно возило „Форд“ со охридски регистерски ознаки, управувано од С.Т. (61) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Голф“ О.И. (70) од Црна Гора, а тројца возачи, двајца сопатници од возилото „голф“ и уште двајца сопатници од „мерцедесот“ се здобиле со физички повреди, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Увид извршила увидна екипа од секторот за внатрешни работи Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде