Црна Гора нема да учествува на Евровизија следната година, потврди државната RTCG.
„По прегледот на расположливите ресурси, трошоците за целиот проект и обврските што Јавниот сервис ги очекува во наредниот период,
донесена е одлука Црна Гора да не учествува на Евровизија следната година“, се наведува на веб-страницата на RTCG.
Понатаму се појаснува дека одлуката е донесена затоа што било оценето дека постоечките ресурси треба да се насочат кон финансирање на тековни и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи.
„Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија – се соочивме и со недостиг на интерес од спонзорите,
па решивме постоечките ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековни и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи кои повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории“, соопштија од Јавниот сервис.
Откажувањето на Црна Гора доаѓа откако синоќа МРТ објави дека и Македонија нема да учествува.
Црна Гора на овогодинешната Евровизија ја претставуваше пејачката Владана со песната „Breathe“, а во натпреварувањето се врати по кратка пауза.