Две сообраќајни несреќи со мотоцикли, три лица итно пренесени во болница

МВР информира дека синоќа во 21.20 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.„Бледски договор“ и бул. „Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу

патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(28) од Скопје, и мотоцикл „глаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Р.(23) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Неколку часа подоцна, во 00.05 часот било пријавено дека во Неготино на ул.„Индустриска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со неготински регистарски ознаки,

управувано од Р.Д.(39) од Неготино, и мотоцикл „априлиа“ со неготински регистарски ознаки, управуван од малолетник од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Неготино.

И во двете сообраќајни несречи извршен бил увид од увидна екипа од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде