Македонецот Сашо почина во Италија, потребни се средства да се врати неговото тело во родниот крај

Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку сте во можност да помогнеме телото на Сашо Ангеловски да биде вратено во Македонија, за неговото семејство да може достојно да се збогува со него.

-Апелираме за помош за фамилијата на Сашо Ангеловски – (Кумановец)- за да може да се донесе од Италија( каде беше работно), дома кај фамилијата.

Знаеме дека има добри луѓе да помогнат за нашиот сограѓанин, кој е татко на три малолетни деца, и сопруга која не е во работен однос.Им треба финансиска помош за транспорт на починатото лице , од Италија до Скопје.

Однапред Ви благодарам на сите.

Во прилог трансакциона сметка од неговата сопруга. – напиша на Фејсбук Тања Ангеловска.

За жителите на Скопје и Кисела Вода кои сакаат да донираат, оставени се кутии за донација во кафичите Даст, Менхетен и Сториа како и во маркетите Вајота во Драчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде