Голема трагедија: Едно лице загина, а повеќе се повредени во тешката сообраќајна несреќа кај Охрид

Голема трагедија: Едно лице загина, а повеќе се повредени во тешката сообраќајна несреќа кај Охрид

Едно лице го загуби животот, а повеќе се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Охрид-Кичево после Ново Село.

Според првичните информации во несреќата учествувале три возила.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски потврдува дека имаат пријава за сообраќајна несреќа, но повеќе информации во овој момент не може да соопшти.

-Случена е сообраќајна несреќа, увидот се уште трае. Повеќе информации за сообраќајната несреќа во текот на утрешнот ден, вели Димовски.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде