Видео од местото на страотната несреќа во која загина едно лице, а повеќе се повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот Кичево-Охрид кај селото Ботун доцна попладнево, објави „Макфакс“. во која учествувале три возила.

Во страотниот судир учествувале три возила, меѓу кои комбе и автомобил „Голф“.

Повеќе медиуми неофицијално објавија дека во несреќата загинал еден човек, а повеќемина се повредени.

„Немаме информации за карактерот на повредите, увидот не е започнат.

Првично е дека две-три возила се учесници во незгодата, како што ни е јавено од терен“, велат од СВР Охрид за „Макфакс“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде