Вистински хорор доживеало малолетно девојче во градски автобус во Скопје.
Согласно информации од полицијата, 79-годишен манијак допирал по телото малолетничка од Скопје, а ова се случило во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Кисела Вода.
„На 30.05.2023 во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода
Л.Т.(79) од Скопје затоа што претходно во градски автобус допирал по телото малолетничка од Скопје“, изјавија од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.