Ужас ја потресе Македонија: Маж крвнички ја тепал партнерката – Ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело тешка телесна повреда.

„Во семејниот дом на улицата „Партение Зографски“, во периодот од 25 до 30 мај, осомничениот 45-годишен скопјанец, во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата вонбрачна партнерка, нанесувајќи и тешки телесни повреди.

Тој ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото, при што кај оштетената предизвикал тешки телесни повреди изразени во вид на хематоми во пределот на лицето, на двете подлактици и мултифрагментарни фрактури на носните коски.

Јавниот обвинител ги ценеше околностите кои што очигледно укажуваат на опасност од бегство и го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото, како и фактот што конкретниот кривично-правен настан генерално се однесува против моралот.

Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, извести Јавното обвинителство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде