Силно невреме го погоди Неготино, ЦУК објави видео

Силно невреме денеска околу пладне го зафати подрачјето на Општина Неготино.

Обилните врнежи од дожд предизвикале поплавување на неколку деловни објекти и куќа во селото Дисан.

-Поплавени се неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН на која беше реагирано на време од страна на ТППЕ Неготино за да не дојде до прекин во електроснабдувањето.

Исто така во с.Дисан има поплава на станбен објект (куќа). ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода, информираат од ЦУК.

Оттаму посочуваат дека има материјална штета која дополнително ќе се утврдува.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде