Буквално ќе се разочарате: Славчо Попоски ја објави најновата метео прогноза

И покрај локалната нестабилност во попладневните часови, до петок не се очекуваат некој поголеми временски непогоди во Македонија.

Поголема нестабилност територијата на Македонија ќе ја зафати во петок, како и за време на викендот. 

Тогаш локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

За викендот повторно постои опасност од нови локални поројни поплави, па затоа АПЕЛИРАМЕ во случај на појава на НЕВРЕМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Температурите и понатаму нема да се менуваат во одност на сегашните, односно тие ќе бидат околу просекот за овој период од годината.

За поголем топлотен Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме, и истиот го нема на видик овој месец, исто бтака на повидок овој месец нема и стабилизација на времето.

Извор: Метео аларм

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде