Ковачевски свика итна седница во СДСМ

Премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски за утре попладне свикал итни седници на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ.

Состаноците на највисоките тела на партијата доаѓаат веднаш по одржувањето на лидерската средба, а по промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кои ги прифатија уставните измени за нивно учество во Влада за европска иднина.

Во вакви нови околности заседаваат органите на партијата а очекувано е темата да биде начинот и формата со којашто ќе продолжат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера, Ковачевски оцени дека најголемата опозициска партија го променила ставот и сега не е против уставните измени.

Како што потврдија и тој и Мицкоски, на средбата тие размениле неколку предлози.

Премиерот првично излегол со предлог заеднички да се изгласаат уставните измени и потоа, веднаш по завршувањето на овој процес да се оди на избори. Меѓутоа, дал и дополнителен предлог за влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата.

Мицкоски, пак, одговорил дека е подготвен да учествува во заедничка влада со социјалдемократите, но барал во неа да не е ДУИ, а уставните измени да важат од моментот кога ќе почне ратификацијата на пристапниот договор за членство на земјава во ЕУ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде