Ги држел мајсторите со сила дома оти не бил задоволен од сработеното – полицијата ги објави деталите

Ги држел мајсторите со сила дома оти не бил задоволен од сработеното – полицијата ги објави деталите

Секторот за внатрешни работи Тетово евидентира дека во четвртокот (8.06.2023) во 17.20 часот на улица „Бањешница“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 55 годишен жител на гостиварско Србиново.

„Тој се сомничи дека со употреба на сила во својот дом држел двајца гостиварци на возраст од 35 и 26 години,

затоа што не бил задоволен од извршените работи при монтажа на инвентар во неговата куќа.“, соопшти полицијата.

Во известието се додава дека лицето било задржано во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде