Најнова вест: Загина 45 годишен маж откако со „мерцедес“ излета од патот

На 10.06.2023 во 04.05 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази – Маркова Нога,

пред с.Подмочани, ресенско, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.   

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде