ОД ЗАБАВА ВО ТРАГЕДИЈА: Три лица се во критична состојба по престрелка на прославата на Денвер

Десетина лица се ранети во масовна престрелка утрово во Денвер во областа каде што кошаркарите и навивачите ја славеа историската прва титула во НБА лигата, соопшти полицијата, додавајќи дека едно лице е приведено.

Престрелката се случила околу 00:30 часот по локално време, односно три ипол часа по натпреварот. Тројца од повредените биле во критична состоба.

Настанот се случил на околу еден километар од Арената каде што Денвер го совлада Мајами.

„Засега се итражува што е причината за престрелката.

Тоа се случи во квартот каде што е забележан најголемиот собир на навиваите кои славеа во текот на ноќта“, изјави портпаролот на полицијата Дуг Шепман.

Подрачјето по пристигнувањето на полицијата било блокирано и веднаш се започнало со собирањето на докази.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде