Денес од страна на Платежна агенција одобрени се барањата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2022, односно мерка 121 Модернизација на земјоделски стопанства – Набавка на трактори.
За проверка за статусот на вашето барање може самостојно да се најавите на порталот е-барање и да го проверите истото.
За најава на порталот е-барање кликнете на следниот ЛИНК кој ќе ве однесе директно на страната за најава.
Потоа најавете се со ваште корисничко име и лозинка кои ги имате на вашиот емаил со кој сте регистрирани во МЗШВ и проверете во мои барања.
Кај сите баратели кои се првично одобрени стои статус решение за одобрување како што стои на сликата.