Објавено кои добиле трактори од програмата за рурален развој 2022 – проверете дали ви е одобрено барањето!

Денес од страна на Платежна агенција одобрени се барањата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2022, односно мерка 121 Модернизација на земјоделски стопанства – Набавка на трактори.

За проверка за статусот на вашето барање може самостојно да се најавите на порталот е-барање и да го проверите истото.

За најава на порталот е-барање кликнете на следниот ЛИНК кој ќе ве однесе директно на страната за најава.

Потоа најавете се со ваште корисничко име и лозинка кои ги имате на вашиот емаил со кој сте регистрирани во МЗШВ и проверете во мои барања.

Кај сите баратели кои се првично одобрени стои статус решение за одобрување како што стои на сликата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде