Урош Б., кој на 4 мај во селата Мало Орашје и Дубона во Србија уби осум лица и рани 14, синоќа се степа со цимерот во затворската единица во Смедерево.
Според неофицијални информации, по расправија со цимерот, Урош Б. физички го нападнал и со тупаници го претепал по лицето.
Затвореникот кој се борел со Урош „заврши“ со модро око, додека убиецот е неповреден.
– Затвореникот кој се борел со Урош добил модринка на окото, додека убиецот бил неповреден – рече изворот за српските медиуми.
На рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, Урош Б. призна дека пукал во луѓе затоа што чувствувал дека мештаните прават заговор против него и дека е изложен на потсмев.
Тој го изврши масакрот само еден ден по масовното убиство на децата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.