Најнова вест: Утрово регистриран земјотрес во Македонија
Утрово во Македонија е регистриран земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтер.
Епицентарот се наоѓа 8 км северозападно од Берово, на длабочина од 2 километри.
Повеќе детали се најавени за подоцна.
Да потсетиме, земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во морето, во близина на брегот на Крим,
а епицентарот се наоѓал на 59 километри од Севастопол, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Според извештаите, земјотресот се случил во 5:42 часот по московско време во морето јужно од Севастопол, на длабочина од 10 километри.
Крим е нормално кревка област, а во последните 100 години таму се забележани голем број земјотреси со јачина од пет до седум степени според Рихтеровата скала.