На 6.7.2023 година, во 18.20 часот, било пријавено дека во Прилеп, на локалниот пат од с. Дупјачани кон с. Небрегово,
Прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од А. С. (25) од Прилеп,
кое влечело патничко возило „голф“, управувано од Д. Д. (21) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки, и мотоцикл „хамачи“, управуван од О. Ј. (40) од с. Дупјачани.
Во несреќата О. Ј. добил тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Прилеп.
