Сител открива: Познато кога започнува учебната година, ќе има и пролетен распуст

Учебната година да почне како и до сега на први септември но да се воведе пролетен распуст за учениците.

Ова е еден од најприфатливите предлози за кои размислуваат во МОН. Треба да има вкупно 180 дена настава.

Според информации на Сител, стартот ќе биде на први септември, а учебната се планира да заврши на 15 јуни.

Ќе се воведе и пролетен распуст. Сите овие датуми и предлози се прифатливи и за Сојузот на средношколци.

Претставникот на средношколците вели, според искуството од европските земји, пролетниот распуст е нешто кое треба да се прифати бидејќи тоа е период и кога се спремаат за завршните оценки. 

Со оглед дека први септември е во петок, почетокот на учебната година би можел да биде и на 4 септември. Поради пролетниот распуст, зимскиот би бил скратен за два три дена. 

Министерот веќе остварил средби со претставници на сојузот и синдикатите, кои исто така изразија согласување за пролетен распуст и поместување на календарот за учебната година.

Извор: Сител

До крајот на неделата од МОН најавија дека ќе има официјално одлука за календарот на новата учебна година.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде