ТРАГЕДИЈА: Се преврте трактор, едно лице го загуби животот

75 годишен струмичанец изгубил контрола над тракторот кој го возел и се превртел.

Тој починал на местото на несреќата.

Вчера попладне, во 14.40 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, Струмичко, 75-годишниот П. Б. од село Дабиле,

управувајќи трактор „имт“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел.

Од добиените повреди П. Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Струмица, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде