Од Центарот за управување со кризи објавија дека се работи за мигрант на 30-годишна возраст.
Тој се качил на покривот на вагоните на воз што сообраќал на релација Гевгелија-Скопје,
а несреќата се случила кај Градско кога дошол во допир со кабел на електрична енергија при што добил струен удар.
Случајот е пријавен во МВР и Итната медицинска помош.
Според информациите од полицијата, лицето не давало знаци на живот,
а потоа и од Итната медицинска помош било констатирано истото.