Опозицискиот локален политичар во собранието на Топола во Србија, Д.М. (53) доцна синоќа се полил со бензин и се запалил пред полициска станица, јавува Кликс.
Брзо му била укажана помош и преживеал, но е во критична состојба со изгореници опасни по живот.
Вчера се одржало собранието на општина Тополе, а доцна вечерта Д.М. дошол пред полицијата, каде се самозапалил. Најпрво, наводно, поминал неколку часа во близина, а потоа решил да се самозапали.
Службениците од полициската станица му пришле на помош за да го изгаснат. Екипите на итната помош брзо дошле на местото на настанот. Мажот со тешки изгореници е пренесен во Клиничкиот болнички центар во Крагуевац.
Еден полицаец полесно ја повредил раката додека се обидувал да го спаси запалениот маж, пишува Кликс. Повредениот политичар е задржан на лекување во Клиничката болница во Крагуевац и е сместен на одделението за интензивна нега на Центарот за анестезија и реанимација.
Од болницата во Крагуевац на РИНА ѝ рекле дека животот на пациентот е во опасност, во тешка состојба и дека е приклучен на механичка вентилација.
За случајот е известено Основното јавно обвинителство во Аранѓеловац. Полицијата официјално не соопштила дали ја знае причината за чинот на 53-годишниот локален политичар, пишува Кликс.