Вонредна вест: Обид за убиство во Скопје

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Ф.А. (33) од Арачиново поради основано сомнение дека на 11.09.2023 околу 02 часот во Скопје,

на подрачјето на Аеродром, ги нападнал со остар предмет В.С. (30) и М.Н. (38) од Скопје и им нанел повреди.

– Денеска од страна на ЕНК при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Ф.А. за сторено кривично дело „убиство во обид“,

по член 123 в.в. 19 и „насилство“ по член 386 од КЗ, и во текот на денот тој ќе изнесен пред Судија на претходна постапка, соопштија денеска од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде