Осум лица од Србија и Словенија се повредени ноќеска во тешка сообраќајна несреќа недалеку од австрискиот град Манерсдорф.
Според пишувањата на локалните медиуми, станува збор за работници, а до несреќата, најверојатно,
дошло кога возачот Србин (46) заспал на воланот поради што минибусот се превртел во кружниот тек кај Оберлоисдорф.
Во несреќата повредени се пет мажи и три жени, од кои некои добиле тешки телесни повреди.
Едно лице останало заробено во минибусот поради што пожарникарите морале да го исечат возилото.