Метео+ со вонредно метео предупредување

Во сабота ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2).

На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места.

На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка.

За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер,

а температурите значително ќе се намалат и ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде