ВИДЕО Доцна синоќа познатиот фудбалер доживеа тешка сообраќајна несреќа

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели имаше голема среќа, бидејќи избегна сериозни повреди при несреќата што доцна синоќа ја предизвика во родниот град Бреша!

„СпортМедијасет“ пишува дека Балотели со своето Ауди К8 вредно околу 100.000 евра удрил во ѕид и целосно го уништил автомобилот.

Наводно изгубил контрола над возилото, а се забележува дека по пристигнувањето на локалната полиција Балотели одбил да направи алкотест.

Токму поради тоа полицијата му ја одзеде возачката дозвола, додека братот на Енок Барвуа дошол да го земе и го однел дома.

Инаку, Балотели моментално е член на турска Адана и се врати во Италија за да се опорави од повредата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде