19-годишна девојка прегази 43-годишна жена

На 28.12.2023 во 00.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Струмица,

патничко возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 19-годишна девојка од село Зубово, струмичко, удрило во пешакот А.С.(43) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Медицински центар Струмица,

а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде