Попоски утрово со најнова прогноза: Денеска врнежи од снег и во градовите

Во текот на денешната вечер, и ноќта кон утрешниот ден врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе има на повеќе места низ Македонија, па така понекаде  и во градовите се очекува формирање на мала снежна покривка. 

На планините  и на Скијачките центри очекуваме формирање на позначителна снежна покривка (до утре наутро и до 20 сантиметри, понекаде и повеќе).

Од утре ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат  и до -10 степени.

Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. 

Понекаде тие ќе останат  и под нулата.

Во Скопје  исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини.

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде