Атанас Илиев универзитетски професор на ФЕИТ, многу пати во јавноста ја раскажа својата приказна и децениска борба за оттуѓувањето на неговата ќерка Лилка.
Борбата за Лилка трае од денот кога нејзината мајка ја носи надвор од границите на Македонија и никогаш повеќе не ја враќа.
Постапката во случај на меѓународно грабнување на дете е преку Хашката конвенција која предвидува механизми кои детето веднаш го враќаат во земјата од која е изнесено.
Но, Лилка 13 години не е вратена дома. Тагата, копнежот, болката и неправдата си го земале својот данок.
„09.01.2011 -09.01.2024!13 години од грабнувањето на Лилка. 13 години борба за правда!!!
Секој збор е излишен, здравјето ми го зедовте, слепи и глуви се правевте ….Пишував и говорев многу. Сега, во знак на протест ќе молчам за да сите чуете и разберете:
Во државата каде сѐ е на продажба, каде владее мито и корупција, продадоа и дете, напиша Илиев на својот Фејсбук профил.