Славчо Попоски со најнова прогноза: Сепак нема да има снег во Македонија

Според најновите излези на нумеричките модели и истите кои се поклопија еден со друг, укажуваат на тоа дека за снег сепак ќе си почекаме во февруари.

Нумеричките модели и за следната недела укажуваат на натпросечно топло време, слично на сегашното и без снег, со услови за сосема слаб локален дожд во вторник.

Додека подолго време моделите цртаа доста врнежи за следната седмица кај нас, се тоа пропадна во вода.

Ние како најголем метеоролошки медиум ” Метеоаларм” будно ја следиме секоја ново – настаната состојба на нумеричките модели и ја информираме јавноста.

Секако често пати одиме и со долгорочни анализи на времето, а граѓаните тоа го бараат, и секако доколку дојде до промена ние ја ифнормираме јавноста навремено и прецизно.

Најсигурни и со можност за оставрување за повеќе од 90% се пократкорочните анализи на времето, напиша Попоски во најновата временска прогноза.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде