ТРАГЕДИЈА: Позната скијачка е жената која загина во лавина на Шар Планина

Во вторникот телото на американска државјанка (54) било пронајдено во областа Орлово гнездо во Брезовица, Косово, а светските медиуми објавија дека станува збор за познатата поранешна скијачка Кетрин Ригби.

Косовските медиуми првпат јавија за смртта на скијачката во средата, а како што се наведува, несреќата се случила по снежна лавина, јавува Фокс Њуз.

И покрај тоа што во пријавата не било наведено точното име, нејзините блиски ја информираа јавноста за трагичниот настан заедно со неколку нејзини фотографии на социјалните мрежи.

Во извештајот на магазинот „Backcountry“, уредникот Адам Хауард истакна дека популарната Каша отелотворува доблест и слободен дух.

– Целиот свет изгуби посебна душа – се наведува во неговиот текст.

Кетрин Ригби е родена во Вермонт и прва постигна „телемарк“ скијачко спуштање од Чо Ју, шестиот највисок врв во светот кој се наоѓа на Хималаите. Таа била учесник во други посебни подвизи во Русија, Еквадор и Либан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде