Апcења на полицијата на повеќе локации низ Македонија

Денеска (17.02.2024) во 02.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.02.2024) во 02.30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целоснодокументирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.02.2024) во 02.35 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.М.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.02.2024 во 20.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.02.2024 во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Т.М.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана. Т.М.бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 16.02.2023 во 13.10 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода В.Б.(38) од Шуто Оризари – Скопје. При контрола во возилото „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Народна Република Кина, за кои при проверка било утврдено дека илегално влегле во државата. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(47) од Битола. Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во помошна просторија од куќа на ул.„Илинденска“, сопственост на С.Т.(27) од Битола. Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште четири кривични дела „тешка кражба“ извршени во куќи, станови и во параклис на подрачје на Битола. Одземеното ќе биде вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде