УХМР со вонредни најави за времето

И во текот на следната недела продолжува натпросечното топло време во Македонија, но и пошироко во регионот.

Од почетокот на неделата облачноста ќе се зголеми и во вторник ќе има појава на врнежи од дожд.

Потоа до крајот на работната недела ќе има слаби услови за појава на краткотраен дожд.

Ветерот ќе биде сосема слаб и од променлив правец, но одсега гледано, за време на следниот викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија.

Што се однесува до температурите на воздухот, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 14 степени, додека кон крајот на работната недела, и за време на следниот викенд тие во најтоплите централни и југоисточни предели ќе надминуваат 15 степени.

Снегот сеуште го оставаме на чекање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде