Возило излета од коловозот, две лица со тешки повреди итно пренесени во болница

На 17.02.2024 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во с.Челопек, тетовско, на излез од селото,

патничко возило „фолксваген бора“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од Тетово, излетало од патот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговата сопатничка М.Б.(36) од Тетово, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде