Александар Темелков тврди: Во „Ѕвездите на Гранд“ ми побараа мито од 20.000 евра

Младиот пејач од Македонија, Александар Темелков, кој пред неколку години се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, сега во емисијата „Ти реков ми рече“, ја обвини продукцијата дека му барале мито за да помине во следниот круг.

Како што откри тој во емисијата, наводно продукцијата преку своите ментори брале пари, а конкретно во неговиот случај побарале 20,000 евра.

„Неправдата ја доживеав во ‘Ѕвездите на Гранд’. Морав тоа да го кажам бидејќи во минатото мое гостување во една емисија кажав од околу што се случи во петтиот круг во ‘Ѕвездите на Гранд’ кога решив самоволно да ја напуштам сцената.

Еве сега ќе го кажам тоа, значи причината за моето напуштање беше тоа што некултурно и воопшто невкусно ме извадија без ниту еден глас, а пред тоа ми побараа 20.000 евра ако сакам да продолжам понатаму“, обвини Темелков во емисијата.

„Кога ми беше понудено, јас уште од самиот старт тоа го одбив“, вели Александар, а на прашањето од водителот Давид Давидовски кој конкретно му побарал пари, тој вели:

„Индиректно тоа менторите го бараат, фактички тоа најверојатно го бара продукцијата. Јас реков, тоа што Господ ми го дал, Господ може и да ми го земе, без разлика дали јас ќе продолжам понатаму во натпреварот.

Мене пред се тоа ми беше многу, фактички потценувачки, јас да платам за да продолжам понатаму“, обвини младиот пејач од Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде