Автомобил „хонда“ излета од патот – возачот со тешки повреди итно пренесен во болница

МВР информира дека вчера во СВР Битола е пријавено дека во 21.15 часот на магистралниот пат А-3 Ресен – Буково кај место викано леворечки мост се

случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(38) од Охрид, излетало од коловозот,

при што Д.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде