Апсење на повеќе локации низ Македонија

На 19.02.2024 во 17.30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Г.А.(48) и У.И.(54) двајцата од с.Форино, гостиварско. При преглед во патничко возило „фолксваген фокс“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.А., а сопатник бил У.И., бил пронајден кокаин.

Подоцна, во 23.50 часот, со судска наредба, полициски службеници  на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле претрес во домот на У.И. во с.Форино, при што биле пронајдени кокаин и дигитална вага. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Вчеравечер (19 февруари) околу 22.50 часот на локалниот пат за тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 47-годишниот Ф.И. од тетовско Горно Седларце. При негов и преглед на патничко моторно возило „фолсксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана. Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Денеска (20.02.2024) во 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Џ.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.02.2024 во 19.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 19.02.2024 во 21.35 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ч.(33) од Република Албанија затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „цитроен ц5“ со белгиски национални ознаки, кое го управувал, евидирало по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.

На (20.02.2024) во 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Џ.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.02.2024 во 19.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

МВР билтен Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде