Уште еден живот прерано згасна. Трогателни посвети од синоќа се споделуваат на социјалните мрежи.
И познати лица од македонската естрада се простуваат од Влатко. Се огласи и Панчо од популарното дуо „ДНК“.
„Бате, друже, светол нека ти е патот. Рано другар, многу рано“, напиша тој на „Фејсбук“.
Оние што го познаваа велат дека бил прекрасен човек и голем другар.
Позади себе остави малолетна ќерка.
Преку социјалната мрежа Фејсбук, утрово се огалсија вицепремиерот Фатмир Битиќи и поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов.
– Вчера се смеевме, а денес се сè промени. Длабоко сум тажен и потресен поради ненадејната загуба на нашиот драг партиски другар, како што го викавме, Влатко Бате.
Спомените за неговиот жив и ведар дух засекогаш ќе бидат запаметени во СДСМ.
Сочувство до семејството, роднините и пријателите – напиша Битиќи.
Почивај во мир другар !, напиша Шилегов.