Трагедија вечерва на македонските патишта: Eдно лице загина, а две се повредени во страотна сообраќајна несреќа

Едно лице загина, а две други се повредени во тешка сообраќајна несреќа,

што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, потврди за МИА портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Според првичните информации, двете повредени лица во сообраќајната несреќа се хоспитализирани во Општата болница во Велес.

Несреќата се случила околу 18.20 часот, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички.

Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на истражните органи, а во моментов во прекин е и сообраќајот на овој експресен пат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде