ВАЖНО: Рано предупредување за земјоделците и овоштарите!

Славчо Попоски со предупредување за земјоделците и овоштарите!

Сите ние сме сведоци на долг период на невообичаено топло време за овој период од годината, како и со значително натпросечни температури на воздухот.

Сето тоа доведе до будење на природата на повеќе места, особено во централните и во југоисточните предели од државава и расцветување на овошките.

Сепак со оглед на нашите најави за нов студен и влажен воздушен бран во текот на следната седмица, кој ќе донесе ниски температури, особено во вторник и обилни врнежи од дожд и снег, а потоа и ниски ноќни и утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат близу 0 степени, а понекаде, особено на повисоките населени места и за некој степен под нулата.

Сето ова ќе доведе до услови за создавање на утринска појава на слана и на слаб мраз. Секако ова лошо ќе влијае врз овошките кои веќе се во фаза на будење.

Токму поради ова, ги предупредуваме , исто така и ги советување земјоделците и овоштарите навремено да превземат мерки околу навремена заштита на истите.

Извор: Метео аларм/ Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде