ВИДЕО Први снимки од страотната сообраќајка на патот Штип – Велес

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа, која се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, потврди портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Според првичните информации во несреќата се повредени и две лица, кои се хоспитализирани во Општата болница во Велес.

Според првичните информации несреќата се случила околу 18.20 часот, меѓу две возила „Сузуки“ со светиниколски и „БМВ“ со радовишки регистерски таблички.

Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на истражните органи, а во моментов во прекин е и сообраќајот на овој експресен пат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде